Дома Фудбал Новинарот го спомена Мeјну, Аморим „прсна“ од смеење – навивачите бараат моментален отказ

Новинарот го спомена Мeјну, Аморим „прсна“ од смеење – навивачите бараат моментален отказ

Реакцијата на Рубен Аморим на прес-конференцијата по ремито од 1:1 против Вест Хем кружи на социјалните мрежи и навивачите на Манчестер Јунајтед се гневни.

Манчестер Јунајтед повторно загуби бодови на домашен терен, овојпат Вест Хем ги изненади и зема еден бод од Олд Трафорд.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Диого Далот му донесе предност на Манчестер Јунајтед на почетокот на второто полувреме, додека бод за гостите донесе Магаса во 83. минута.

Аморим на овој натпревар ја исцрпи квотата на сите пет замени, и на теренот влегоа Јоро, Доргу, Угарте, Маунт и Мартинез.

Помина натпреварот на клупата Коби Мејну. Не започнал натпревар од поразот во Карабао купот од Гримсби.

Мејну одигра вкупно 265 минути во сите натпреварувања оваа сезона и јасно е дека во јануари ќе бара заминување од Манчестер Јунајтед.

По натпреварот Аморим беше запрашан дали би ги менувал измените ако сега би имал можност.

“Не, бидејќи губевме поради тие втори топки. Понекогаш повеќе луѓе напред не значи и повеќе освоени топки.

Кого уште можевме да внесеме напред? Кого? Кој би бил поофанзивен?”, праша Аморим.

Коби Мејну беше името кое го спомна новинарот, што предизвика голема смеа кај Аморим.

“Да, тоа беа втори топки и се грижев за Матеуш, а знаев дека Бруно е добар. Маунт играше на својата позиција, Брајан има доста брзина за да ја преземе топката во транзиција, така што тоа беше мојата идеја.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто досега не е видено: Тухел има идеја за СП која ги изненади сите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, најави необична тактика …