Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона, многу фанови на фудбалот беа уверени дека тоа е последниот голем договор за животот на 39-годишниот играч за врска, барем кога станува збор за кралскиот клуб. Но, според новинарот на Марка и познат инсајдер на Реал, Хозе Феликс Диаз, таквата опција не е сигурна.
“Модриќ сака да игра за Хрватска на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико како играч на Реал Мадрид. Преговорите се во тек, повеќе ќе знаеме почетокот на 2025 година, но клубот би можел да му ја исполни таа желба”, откри Диаз. Модриќ, да потсетиме, договорот со Реал му истекува во јуни 2025 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на хрватската репрезентација оваа сезона одигра 16 натпревари во првенството и шест во Лигата на шампионите, но од тие 22 натпревари стартер беше само во девет. Оваа сезона има вкупно четири асистенции, а во Реал е од 2012 година кога дојде од Тотенхем за 35 милиони евра. Во Мадрид освои четири првенства и шест Лиги на шампиони, како и Златната топка во 2018 година.