Дома Останати Кошарка Нови казни на Евролигата за Партизан и Црвена Звезда, следува и затворање на дел од арената!

Нови казни на Евролигата за Партизан и Црвена Звезда, следува и затворање на дел од арената!

Дисциплинската комисија на Евролигата ги казни Партизан и Црвена Звезда за инцидентите што се случија минатиот петок, за време на „Вечното дерби“ во натпреварот од 24. коло.

Партизан како домаќин на натпреварот доби поголема парична казна, а со тоа следува и затворање на дел од Арената во наредниот натпревар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


“Партизан е казнет со парична казна од 50.000 евра, а следниот натпревар ќе го игра со ограничен капацитет од 80 проценти на салата, вклучувајќи и затворање на одредени сектори, поради повеќе инциденти направени од навивачите на Партизан за време на натпреварот против Црвена Звезда, според член 29.1.2.2.2.929f), 29f. и 29.2.g) од Дисциплинскиот кодекс на Евролигата во кошарка.”, стои во соопштението.

Црвена звезда е казнета поради недоличното однесување на своите навивачи од кои имаше околу 1.000.

“Црвена Ѕвезда е казнета со 20.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа нејзините навивачи за време на натпреварот против Партизан, според член 29.2.d), e) и g) од Дисциплинскиот кодекс на Евролигата”, се вели во соопштението на Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тренерот на Денвер го крена гласот поради Јокиќ и МВП-наградата (Видео)

Привремениот тренер на Денвер, Дејвид Аделман, по натпреварот со Мемфис се осврна и на МВП…