Дома Фудбал Нова ера во Мадрид: Алонсо ја даде првата изјава како тренер на Реал Мадрид!

Нова ера во Мадрид: Алонсо ја даде првата изјава како тренер на Реал Мадрид!

Чаби Алонсо, новиот тренер на Реал Мадрид, изјави дека е горд што го презема кормилото на тимот и има одлично чувство дека ќе постигне значајни успеси кои доликуваат на овој славен клуб.

“Чести ми е да го наследам тимот од Карло Анчелоти, кој беше мој тренер и извонреден човек. Тој остави силен впечаток врз мене и неговото влијание е големо. Без неговата поддршка, можеби немаше да бидам овде денес. Со голема гордост и чест ќе го продолжам неговото наследство, надевајќи се дека ќе ги исполнам очекувањата и ќе го водам клубот кон нови успеси”, изјави Алонсо за време на неговото претставување во Мадрид.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Алонсо ја напушти клупата на Баер Леверкузен на крајот од сезоната и потпиша договор кој ќе трае до јуни 2028 година. Тој го наследи Анчелоти кој ја презеде улогата на селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.

Шпанскиот тренер истакна дека е прекрасно чувство да се врати дома во Мадрид, каде како играч освои пет трофеи од 2009 до 2014 година, вклучувајќи ја титулата и Лигата на шампионите.

“Без сомнение, ова е многу посебен ден за мене. Многу сум среќен што сум на место каде што сметам дека е мојот дом. Можеби бев отсутен неколку години, но врската со Реал и навивачите секогаш беше тука”, изјави 43-годишниот Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…