Дома Останати Кошарка Нова бура во Србија: Пешиќ ги обвини медиумите дека лажат!

Нова бура во Србија: Пешиќ ги обвини медиумите дека лажат!

„Спорт Клуб“а објави ексклузивна вест, во којашто се пренесуваат зборовите на селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ, упатени до неговите пријатели, со кои тој ги открива причините зад неуспехот на Орлите на Европското првенство во кошарка.

Во текстот се наведува дека Пешиќ признал пред своите пријатели дека ја загубил контролата врз тимот, дека некои играчи повеќе преферирале да одат во црква на молитва отколку на тренинг, и дека нивото на играта било незадоволително. Веднаш потоа, реагираше и Кошаркарската федерација на Србија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега, Пешиќ се обрати по барање на портпаролот на КФ Србија Нина Колунџија и ги демантираше тие тврдења, испраќајќи остри критики на адресата на новинарите.

“Во однос на лагите што се појавија на Спорт Клуб, јас обично не коментирам пишувања на медиуми, но по молба на нашиот портпарол Нина Колунџија, пред сè, поради моите играчи и целиот тим, објавувам дека тоа се лаги и дека тоа што е напишано не е дел од мојот речник. За жал, при креирање на јавното мислење во Србија, неуспешни аналитичари, стручни консултанти и твитер новинари добиваат можност да формираат јавно мислење и покрај тоа што немаат ни капацитет, ни одговорност,” изјави селекторот Пешиќ.

Спорт Клуб го објави тоа демантирање, но соопштија дека стојат зад секој збор којшто го напишале.

“Во меѓувреме, во телефонски разговор со Спорт Клуб, селекторот Пешиќ беше запрашан кој конкретен дел од текстот не е точен, на што добивме одговор дека ‘тоа не е неговиот речник’,” додаде Спорт Клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Погледнете како Шредер ги надмудри Шенгун и Турците (Видео)

Денис Шредер ја водеше репрезентацијата на Германија до титулата европски шампион и заслуж…