
Џузепе Сибили, играчот од средниот ред на Бари, е суспендиран на 16 месеци и казнет со 20.000 евра поради обложување на фудбалски натпревари, со што ги прекршил строгите правила.
Покрај забраната за играње, обврзан е и на осуммесечна терапија за лекување од коцкање под надзор на Фудбалската федерација на Италија (FIGC).
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Истражувачите откриле дека 29-годишникот редовно учествувал во спортско обложување низ неговата кариера. Оваа сезона настапил пет пати за Бари, а во Купот на Италија играше и против Милан.
По тој натпревар со италијанскиот великан, интересно, побарал дрес од хрватската легенда Лука Модриќ кој од оваа сезона го носи дресот на ‘Росонерите’.
Иако никогаш не играл во Серија А, Сибили зад себе има респектабилна кариера во втората лига со 158 настапи и 25 постигнати голови, најмногу во дресот на Пиза (94 натпревари), а играл и за клубови како Албинолеце и Сампдорија.
По случајот со Сандро Тонали, Сибили е уште еден показател дека италијанските фудбалски власти се посериозно пристапуваат кон проблемот со обложувањето во професионалниот спорт.