Дома Фудбал Нов удар за Карвахал – ќе отсуствува од два до три месеци

Нов удар за Карвахал – ќе отсуствува од два до три месеци

Одбранбениот играч на Реал Мадрид Даниел Карвахал ќе биде надвор од терените од два до три месеци поради нова повреда. Од клубот објавија дека тој мора да се подложи на артроскопија за отстранување на поставени тело во десното колено. Според шпанските медиуми, 33-годишниот десен бек ќе мора да се опоравува од два до три месеци. На практика, тоа значи дека најверојатно нема да игра повеќе во 2025 година.

Ова е нов удар за Карвахал, кој едвај се опорави од друга повреда. Тој започна со тренинзи пред десетина дена и влезе во игра во 72-ра минута на вчерашното Ел Класико, што беше неговиот прв натпревар од крајот на септември. Добрата вест за Чаби Алонсо е дека Трент Александер-Арнолд исто така е опоравен и е подготвен да се врати на десната страна на одбраната. Другата опција за оваа зона е Федерико Валверде, кој против Барселона започна како десен бек.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Загрижувачки е дека проблемот на Карвахал е во истото колено, каде што минатата сезона скина предни крсни врски и се опоравуваше околу девет месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Мадрид се подготвува нешто СЕНЗАЦИОНАЛНО: Алонсо ќе добие што му одговара – Лаутаро наместо Винисиус!

Во најновите шпекулации од шпанската спортска сцена, се објави информација дека Реал Мадри…