Дома Бокс Нов удар за Џејк Пол и неговите боксерски амбиции (Видео)

Нов удар за Џејк Пол и неговите боксерски амбиции (Видео)

Џејк Пол е отстранет од светската ранг-листа на ВБА организацијата откако минатиот месец го доживеа првиот пораз со прекин во кариерата. Во Мајами беше нокаутиран од Ентони Џошуа, а поради скршена вилица јутјуберот што стана боксер мораше да оди на операција. Пол за оваа супеборба, која се пренесуваше на Нетфликс, премина во тешката категорија.

Поради долготрајниот опоравок од операцијата, за неговата следна борба се уште не се дискутира. Иако спомна дека му бил план да направи два меча оваа година, останува да се види дали тие планови ќе се реализираат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Задржувањето на позицијата меѓу топ 15 на ВБА ранг-листата во лесно-тешка категорија за Џејк Пол од почетокот беше тешка мисија, особено затоа што 2025 година ја заврши борејќи се во друга категорија. Првично беше договорен за егзибициски меч против Џервонта Дејвис, кој всушност беше во отворена тежинска категорија.

Кога таа борба пропадна, по втор пат во кариерата премина во тешка категорија за да се соочи со двојниот обединет светски шампион Џошуа. Имајќи предвид дека две од последните три борби му беа надвор од лесно-тешката дивизија, беше поставено прашање за неговата подобност да остане на ранг-листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Вајлдер тврди дека го знае рецептот за победа над Усик: Нема да откријам премногу

Деонтај Вајлдер е свесен за квалитетите на Олександр Усик, но верува дека сè уште во негов…