Дома Останати Кошарка Нов трејд во најава: Адетокумбо го сака Јокиќ во Њујорк!?

Нов трејд во најава: Адетокумбо го сака Јокиќ во Њујорк!?

Кошаркарите од Европа владеат со НБА лигата. Наскоро ќе биде деценија откако најдобрата петорка во лигата ја сочинуваат барем тројца европски играчи: Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо.

Сега, кога во несекојдневен развој на настаните Дончиќ заврши во Лос Анџелес Лејкерсите, Адетокумбо сака Европјаните да станат заштитно лице и на втората најпопуларна франшиза – Њујорк Никсите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Адетокумбо рече дека би сакал да го види и Јокиќ во Њујорк, а не само Дончиќ во Лос Анџелес.

„Да се пошегувам сега кога кажав нешто многу, многу сериозно. Сега, кога Европјаните ќе станат заштитно лице на Лејкерс, тоа е нешто ново за нас од Европа. Никогаш не се случило порано. Беше Пао Гасол, тој е голем играч, но ова е нешто друго и многу ми се допаѓа“, рече Адетокумбо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојниот Нено со 22 поени го реши европскиот шампион (Видео)

Кошаркарите на Баерн Минхен славеа против Фенербахче со 85-76 во Евролигата, предводени од…