Дома Останати Тенис Нов скандал во тенисот: Двократен освојувач суспендиран поради допинг!

Нов скандал во тенисот: Двократен освојувач суспендиран поради допинг!

Двократниот победник од Австралија во конкуренција на двојки, Макс Пурсел, прифати суспензија во траење од 18 месеци поради прекршување на антидопинг правилата, соопшти во вторникот Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА).

Пурсел призна дека ги прекршил правилата кои се однесуваат на користење на „забранета метода“, откако несвесно примил интравенска инфузија на витамини во количина поголема од дозволените 100 мл во рок од 12 часа. Затоа во декември минатата година му беше изречена привремена суспензија.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Во тоа време, 12. играч во светот во конкуренција на двојки изјави дека му рекол на медицинскиот персонал од клиниката дека е професионален спортист и дека инфузијата не смее да ја надмине дозволената количина.

„Овој случај не вклучува играч кој е позитивен на забранета супстанца, но покажува дека антидопинг правилата се пошироки од тоа“, изјави извршната директорка на ИТИА, Карен Мурхус.

„Ова исто така покажува дека ИТИА разгледува информации од различни извори со главна цел заштита на сите кои се опфатени со антидопинг правилата во тенисот и обезбедување на еднакви услови за сите.“

Суспензијата официјално ќе заврши на 11 јуни 2026 година, бидејќи ќе се пресмета периодот што Пурсел веќе го помина под забрана за настап.

„Овој случај трае веќе месеци и сериозно влијае на квалитетот на мојот живот“, напиша Пурцел на социјалните мрежи.

Пурцел ќе ги загуби сите поени и парични награди што ги заработил меѓу 16 декември 2023 година, кога првпат ги прекршил правилата, и 3 февруари 2024 година, кога дал својот прв негативен допинг примерок.

Исто така, за време на суспензијата нема да му биде дозволено да игра, тренира или присуствува на какви било тениски натпревари кои се одобрени од членките на независната ИТИА, организација формирана од водечките тела на овој спорт.

Пурсел, кој ги освои титулите во машки двојки на Вимблдон 2022 и УС Опен 2023 година, е последниот грен-слем победник кој ги прекршил допинг правилата.

Минатата година, четирикратната шампионка на Ролан Гарос, Ига Швјонтек, прифати едномесечна суспензија откако беше позитивна на забранетиот лек триетазидин, поради контаминација од лекови за спиење.

Првиот тенисер во светот Јаник Синер беше ослободен од сите обвинувања по два неуспешни теста на анаболички стероид клобестол, но претходно оваа година се согласи на тримесечна суспензија по договор со Светската антидопинг агенција (WADA).

Фото: maxpurcelll/Instagram

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Луда теорија на Французите: Ѓоковиќ намерно губел на последните турнири?!

Лошите игри и поразите на Новак Ѓоковиќ оваа година се толку изненадувачки за тенискиот св…