
Поранешниот судија од Премиер лигата Дејвид Кут, кој беше суспендиран по срамниот инцидент каде што навредуваше поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, а подоцна се дозна дека користел дроги и пробувал да мести натпревари, сега ќе се соочи со уште посериозни обвиненија поради ужасната акција што му се припишува.
Дејвид Кут е обвинет дека на 2 јануари 2022 година снимил компромитирачко видео со дете. Станува збор за видео кое правосудството го класифицира како „компромитирачко дете видео категорија А“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според понатамошните информации, категорија А значи дека станува збор за најтежок вид на прекршок кој вклучува малолетни деца кои се силувани или сексуално злоставувани од возрасни.
Кут е обвинет пред судот во Нотингем, а првото рочиште е закажано за 11 септември.
„Дејвид Кут, 43, е обвинет на 13 август оваа година по истрагата на полицијата во Нотингем, врз основа на видео кое беше пронајдено на неговиот телефон во февруари. Тој моментално се наоѓа во притвор, а на суд ќе се појави на 11 септември“, наведено е во соопштението на полицијата.