
Иако со мали проблеми во третиот сет, Новак Ѓоковиќ суверено го совлада Тејлор Фриц и обезбеди пласман во полуфиналето на Ју-Ес опен.
Српскиот тенисер ја заврши работата за три часа и 27 минути со победа од 3:1 (6:3, 7:5, 3:6, 6:4).
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Она што е импресивно кај оваа победа е податокот што Ѓоковиќ никогаш во својата кариера нема изгубено четвртфинале на Ју-Ес опен.
Досега во оваа фаза играл 14 пати и сите 14 пати триумфирал, што досега во историјата на тенисот успеале само Џими Конорс.
Сега српскиот ас се изедначи со него, и се встанови на врвот на уште еден рекорд кој ќе се памети долго време.
Новак првпат се пласираше во полуфиналето на гренд слемот во Њујорк уште во 2007 година.
Пред, а и потоа, испаѓаше во 2005, 2006, 2019, 2020 и 2024 пред четвртфиналето.
Novak Djokovic никогаш не изгубил четвртфинале на Ју-Ес опен! pic.twitter.com/jtEOiXukr1
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025
Фото: Принтскрин