
И денеска на Зимските олимписки игри во Милано/Кортина не мина без сериозен пад, а нова жртва е младото новозеландско момче, скијачот Финли Мелвил Ивс.
Тинејџерот, кој има 19 години, се натпреварува во скокови во слободен стил. Во текот на своето второ излегување денеска, доживеа ужасен пад.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Новоезеланѓанецот веќе утрово имаше пад во својот прв обид и беше свесен дека во вториот обид мора да даде сè од себе за да се квалификува за финалето.
Во својот втор обид, деветнаесетгодишникот реши да се обиде со исклучително висок скок со различни вртења и спирали, достигнувајќи висина од околу 5 метри над врвот на патеката.
Сепак, при слегувањето во каналот, нозете му попуштија и падна. Една од неговите скии испадна и долго време се лизгаше по снегот.