Христијан Симоновски член на Македонската Таеквондо репрезентација, член на ТК Младост вчера учествуваше на еден од најсилните натпревари во Европа,БОСНА ОПЕН Г1 и својот настап го закити со бронзен медал кој носи нови бодови за европската и олимписката ранг листа.
Во првата борба тој убедливо 2:0 во рунди го совлада Јосип Беванда од Босна,потоа се сретна со искусниот Роузмонд Нолхан од Франција кој исто така успеа да го совлада 2:0 во рунди со што се пласираше во полуфиналето каде после тешка борба која траеше 3 рунди загуби во последните секунди од страна на Ел Јасин од Белгија што резултираше со бронзен медал.