Дома Фудбал Ноќ на рекорди: Гираси ги надмина Левандовски и Халанд

Ноќ на рекорди: Гираси ги надмина Левандовски и Халанд

Серху Гираси е вистинскиот криптонит за тимот на Барселона, синоќа ги собори неколку рекорди, а сега Германците откриле која е откупната клаузула во неговиот договор.

Борусија Дортмунд синоќа на Сигнал Идуна Парк ја совлада Барселона со 3:1, но тоа не им беше доволно за да продолжат понатаму.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Барселона имаше голема предност од првиот натпревар (4:0), и покрај одличната игра синоќа – Борусија остана без полуфинале на Лигата на шампионите.

Првото име на синоќешниот натпревар без никакво сомнение беше Серху Гираси кој постигна три гола за својот тим, односно хет-трик.

И во 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите кое се одигра во декември, Гираси блескаше против каталонскиот клуб и постигна два гола. Може да се каже дека натпреварите против Барселона му се токму погодени.

Синоќа собори рекорд и стана првиот африкански играч кој им постигнал хет-трик, а покрај тоа стана и играч кој им дал најмногу голови во една сезона од Лигата на шампионите (5).

Покрај овие рекорди, собори и оној на Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски. Гираси синоќа стана играч на Борусија Дортмунд со најмногу голови во една сезона од Лигата на шампионите (13).

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нјукасл потпиша напаѓач на 30 секунди пред крајот на преодниот рок

Финишот на преодниот рок беше особено возбудлив за Њукасл кој буквално во фото финиш го за…