Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе потпише нов договор со баварскиот гигант.
Како што открива Скај Спорт, Нојер ја прифатил понудата на Баерн да ја обнови соработката до летото 2026 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Актуелниот договор на Нојер истекува на лето, а многумина сметаа дека е вистинско време за промена на голот. Меѓутоа, во Баерн размислуваат поинаку.
Нојер ќе потпише нов договор, договорени се сите детали, прашање е само кога ќе биде официјално.
Нојер е на удар на критичарите поради лошата форма во последно време, особено што имаше и бројни проблеми со повреди, но тој останува број еден во Баерн.
Германецот има 38 години, ако потпише до 2026 година значи дека ќе наполни 40 години кога ќе биде на голот на Баерн.
🚨 Manuel Neuer is set to extend his contract at Bayern Munich until 2026. 🇩🇪🧤
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 16, 2024
The contracts are ready. All that's left is to sign them.
(Source: @Plettigoal ) pic.twitter.com/GfVfpLfZU6