Дома Фудбал Германија Ноер потпишува нов договор, ќе игра до 40 години

Ноер потпишува нов договор, ќе игра до 40 години

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе потпише нов договор со баварскиот гигант.

Како што открива Скај Спорт, Нојер ја прифатил понудата на Баерн да ја обнови соработката до летото 2026 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Нојер истекува на лето, а многумина сметаа дека е вистинско време за промена на голот. Меѓутоа, во Баерн размислуваат поинаку.

Нојер ќе потпише нов договор, договорени се сите детали, прашање е само кога ќе биде официјално.

Нојер е на удар на критичарите поради лошата форма во последно време, особено што имаше и бројни проблеми со повреди, но тој останува број еден во Баерн.

Германецот има 38 години, ако потпише до 2026 година значи дека ќе наполни 40 години кога ќе биде на голот на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …