Дома Фудбал Нивниот тим загуби 4-3 откако водеше 3-1, па го демолираа апртманот во кој беа сместени (Видео)

Нивниот тим загуби 4-3 откако водеше 3-1, па го демолираа апртманот во кој беа сместени (Видео)

Фејенорд доживеа тежок пораз во Лига Европа кога загуби од романскиот ФЦСБ во Букурешт. И покрај тоа што водеа со 3:1, натпреварот заврши со 4:3 во корист на домашниот тим, што предизвика силно разочарување кај нивните навивачи. Иако разбирлив, ваквиот спортски неуспех предизвика насилно реагирање надвор од границите на прифатливото.

Неколку индивидуалци одлучија својата фрустрација да ја искажат на најлош можен начин, комплетно уништувајќи го апартманот што го имаа изнајмено во романската престолнина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На социјалните мрежи се појавија шокантни снимки што ги прикажуваат размерите на уништувањето. На нив се гледа искршен мебел, разбиени предмети и општ хаос што зад себе оставија хулиганите, претворајќи го станот во нешто неразпознавачко. Сега сопственикот е принуден да ги пресмета штетите, надевајќи се дека следните гости ќе се однесуваат со повеќе почит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сколс: Арсенал би бил најлошиот шампион во историјата на Премиер лигата

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изјави дека Арсенал ќе биде „најлошиот тим кој…