Дома Фудбал Ниту Перез не е семоќен: Има желба која Мендеш не може да му ја исполни

Ниту Перез не е семоќен: Има желба која Мендеш не може да му ја исполни

Флорентино Перез се обиде да го донесе во своите редови еден од најдобрите играчи на денешницата. Разговараше и првиот човек на Реал Мадрид со Хорхе Мендеш, но доби јасен одговор дека од оваа работа нема ништо.

Перез, во два различни мандати како прв човек на Реал Мадрид, оствари бројни трансфери кои изгледаа како невозможни, но порано или подоцна беа реализирани.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Последната голема зделка секако беше доведувањето на Килиан Мбапе, со кого претседателот на Кралевите имаше трпение, почека да му истече договорот со ПСЖ и го доведе.

Еден од најголемите трансфери Перез го изведе пред четвртина век кога од Барселона успеа да го доведе Луис Фиго. Тоа се смета за една од најголемите предавства во историјата на фудбалот.

Сега, Мундо Депортиво пишува дека Перез се распрашувал кај Хорхе Мендеш за ситуацијата со Ламин Јамал и веднаш добил јасен одговор.

Со оглед на тоа дека Јамал допрва треба да стане полнолетен и каков потенцијал претставува, неговото доведување би било можеби и позвучно од тоа на Фиго во 2000 година.

Сепак, Мендеш многу брзо го олади Перез и му порача дека нема ништо од доаѓањето на Јамал на стадионот Сантјаго Бернабеу.

Јамал исто така претходно го изнесе својот став и беше доста директен, нема намера да потпише за Кралевите.

“Не сум заинтересиран да се придружам на Реал Мадрид во ниту еден момент од својата кариера”, порача најдобриот млад фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан подготвува ѕвездена чистка на лето

Тројца од главните фудбалери на Милан можат да бидат продадени по крајот на сезоната, тврд…