
Во петтото коло од англискиот ФА куп Арсенал беше гостин кај нижелигашот Мансфилд и победи со 2:1, но со големи проблеми за Мајкел Артета пред претстојниот натпревар во Лигата на шампионите.
Арсенал оваа сезона се бори на сите фронтови, но примарната цел е Премиер лигата, потоа Лигата на шампионите, а потоа и куп натпреварите.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
На гостувањето кај Мансфилд, Мајкел Артета очекувано ја измеша екипата, давајќи шанса на играчите кои поретко играат, но и на некои кои се многу важни за составот.
Арсенал ја исполни својата цел и се пласираше во четвртфиналето на Купот, но Артета си доби главоболка поради новите повреди.
Леонард Тросард се повреди во првиот дел, па го замени Хинкапије во 38. минута, а потоа во вториот дел, стоперот Калафиори беше заменет поради повреда.
За сега не е познат степенот на повредите, но неизвесни се настапите на обајцата во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против Бајер Леверкузен.