Дома Останати Тенис Ништо од Вимблдон: Кирјос нема да игра на местото на најголемиот успех

Ништо од Вимблдон: Кирјос нема да игра на местото на најголемиот успех

Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшти дека нема да игра целата трева сезона, вклучувајќи и Вимблдон, бидејќи уште не се опоравил од повредата.

Кирјос не играше многу во последните две сезони поради низа повреди, меѓу кои и на зглобот и коленото. Минатата недела се повлече од учеството во двојки на Ролан Гарос во Париз, каде што требаше да игра првпат од 2017 година.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Имаше мал застој во опоравувањето и за жал нема да можам да учествувам во тревната сезона. Знам колку очекувавте да ме видите на теренот и искрено ми е жал што ве разочарав. Ова е само мала пречка на патот, и веќе напорно работам за да се вратам посилен од кога било“, напиша Кирјос на Instagram.

Да потсетиме, австралискиот тенисер се врати на теренот на почетокот на годината, а во март на мастерсот во Мајами ја оствари првата победа уште од октомври 2022 година.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус на 45 години повторно се враќа на терен: А зошто да не играм тенис!?

Тениската вест на денот, а можеби и на целиот спортски свет, беше – Венус Вилијамс п…