Дома Фудбал Ништо од Манчестер Јунајтед: Чави призна која дестинација ја посакува како следна во својата кариера

Ништо од Манчестер Јунајтед: Чави призна која дестинација ја посакува како следна во својата кариера

Чави Ернандез е без работа од кога ја раскина соработката со Барселона, а сега откри кои се неговите желби за иднината.

За Чави како играч е излишно да се трошат зборови. Во неговата играчка кариера освои со Барселона сè што можеше да се освои, и тоа повеќе пати.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Тој е еден од најдобрите средни играчи во историјата на фудбалот, а многумина сметаат дека е дури и број еден во тој поглед.

По играчката кариера, и тренерската ја започна на многу успешен начин. Прво се калеше во Ал-Сад каде ја освои катарската лига и двапати катарскиот куп.

Неговите методи на работа и тактичките замисли не останаа незабележани, па така се врати на својата прва љубов – Барселона, но во нешто поинаква улога.

Потоа, веќе некои десет месеци, Чави е без тренерски ангажман и ја чека вистинската шанса.

Имаше многу зборови за преземање на Манчестер Јунајтед, но тренерската позиција на Црвените ѓаволи тогаш ја презеде Рубен Аморим.

Сепак, бидејќи ни Аморим сега не оди добро во клубот од Манчестер, се зборува за заминување на Португалецот од позицијата на шеф на стручниот штаб.

Меѓу другите, токму Чави се споменува како потенцијална замена за Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед.

Но, како што стојат работите, Чави има други замисли во својата глава. Во еден разговор за „Франс Фудбал“ откри која дестинација ја посакува како следна во тренерската кариера.

„Зошто да не тренирам друг клуб во Шпанија? Барам амбициозен проект и тоа е мојата желба, целта ми е да освојувам трофеи“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја сака ѕвездата на Аталанта

Според шпанските медиуми, Барселона влегла во трката за напаѓачот на Аталанта, Адемола Лук…