Дома Фудбал Ништо од Ливерпул? Њукасл го задржува Исак со најголема плата во клубот!

Ништо од Ливерпул? Њукасл го задржува Исак со најголема плата во клубот!

Приказната за Александар Исак привршува, а најновите вести од Англија покажуваат дека шведскиот напаѓач најверојатно ќе остане во Њукасл, и тоа со значително подобрени услови.

Според британските медиуми, Њукасл подготвува нов договор што ќе го направи Исак најплатениот играч во историјата на клубот. Новиот договор подразбира поголема плата од онаа која моментално ја добива Бруно Гимараеш, чија неделна заработка е 160.000 фунти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој чекор доаѓа откако понудата на Њукасл од 45 милиони фунти за Антони Еланга беше одбиена од Нотингем Форест. Клубот од северна Англија одлучи да ги насочи средствата кон зачувување на сегашниот состав, при што задржувањето на Исак стана приоритет.

И покрај тоа што актуелниот договор на Исак трае до јуни 2028 година, се очекува летоска да биде потпишан нов, многу поповолен договор. Освен финансискиот аспект, со овој потег клубот сака да испрати јасна порака за сериозните амбиции и изградбата на тимот околу клучните играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…