Дома Фудбал Ништо од Фабрегас: Интер си договори друг тренер

Ништо од Фабрегас: Интер си договори друг тренер

Кристијан Киву е новиот тренер на Интер – договорот е официјално постигнат и ќе трае до јуни 2027 година. Со ова, поранешниот дефанзивец на „нераѕурите“ се враќа во клубот каде што ги мина некои од најзначајните моменти во својата кариера, но овојпат во нова, тренерска улога.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Киву доаѓа на местото на Симоне Инзаги, а до неодамна ја предводеше екипата на Парма. Одлуката за негов ангажман доаѓа веднаш по пропаѓањето на преговорите со Сеск Фабрегас, кој беше една од опциите за тренерската позиција, но преговорите со него беа прекинати утрово.

Раководството на Интер верува дека Киву, со своето искуство како фудбалер и млад тренер, ќе донесе нова енергија и стабилност на клупата, во период кога клубот се подготвува за нови предизвици на домашната и европската сцена.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…