Рубен Аморим му покажа на Маркус Рашфорд дека повеќе не смета сериозно на него бидејќи тој воопшто не беше дел од составот во градското дерби помеѓу Сити и Јунајтед. Веќе се шпекулира дека Рашфорд сака да го напушти Олд Трафорд, но опциите што ги има за јануарскиот трансфер се далеку полоши од она на што тој се надеваше.
Со доаѓањето на Аморим, Рашфорд успеа колку-толку да се врати во форма бидејќи играше доста добро во претходните натпревари, но потоа следеше шок пред мечот на Сити и Јунајтед кога беше потврдено дека англискиот напаѓач воопшто нема да биде дел од составот.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Аморим одлучи да не смета на Рашфорд во градското дерби и изјави дека во тимот се само играчи кои на тренинзите покажале голема желба и мотивација, што очигледно не беше случај со Рашфорд.
Нормално, веднаш се појавија шпекулации дека Рашфорд веќе во јануари сака да го напушти Манчестер Јунајтед, бидејќи на сите им стана јасно дека Англичанецот не е задоволен со својот статус во клубот.
Се шпекулираше дека Рашфорда го следат многу клубови, а наводно најмногу се истакнуваат ПСЖ и Барселона.
🚨 Реалноста за Маркус Рашфорд е дека тој веројатно има две опции: да се бори за своето место во Манчестер Јунајтед или да се пресели во Саудиска Арабија.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 16, 2024
(Извор: @MarkOgden_) pic.twitter.com/9gty1xvW4q
Сепак, англиските медиуми тврдат дека тоа не е точно. ПСЖ негира дека сака да го доведе Рашфорд во јануари додека Барселона никогаш не покажала желба да го доведе англискиот напаѓач во своите редови.
Рашфорд сега има само две опции кои порано не сакаше да ги разгледа, но очигледно нема избор. Првата е да го напушти клубот и кариерата да ја продолжи на друго место, но проблем е што има само понуди од Саудиска Арабија.
Рашфорд не сака да оди во С. Арабија во оваа фаза од кариерата поради што веројатно ќе ја избере втората опција. Тоа е останување во Манчестер Јунајтед и борба за место во составот на овој тим.
Англиските медиуми велат дека е очигледно дека Рашфорд нема да го напушти Јунајтед оваа зима и дека е подготвен да му докаже на Аморим дека заслужува место во составот на Црвените ѓаволи.
Во досегашниот дел од сезоната, Рашфорд за Манчестер Јунајтед одигра 24 натпревари на кои постигна седум голови и додаде уште три асистенции.