
Неверојатната американска кошаркарка Ауди Крокс ги поместува границите не само во женската, туку и во целокупната кошарка во Соединетите Американски Држави.
Крокс (20), која уште во средношколските денови привлече внимание со својот снажен физички изглед и завидни технички способности, продолжи да импресионира и на колеџ каде што блеска на теренот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во првите две сезони достигна просек од 19.2 и 23.4 поени, а оваа сезона навистина блеска и е на пат да постави нов рекорд во САД, кој тешко дека ќе биде надминат од било која кошаркарка или кошаркар.
Во последната победа на нејзиниот тим со резултат 74:69, Крокс блескаше и заврши натпреварот со 30 поени и 10 скокови со 13/20 шут од игра.
Кошаркарка со висина од 191 сантиметар и тежина од околу 130 килограми продолжува низа од три натпревари по ред со 30+ поени, рушејќи го рекордот на тимот Лоу Стејт..
Но, што е уште позначајно е нејзината статистика оваа сезона. Таа постигнала вкупно 306 поени во само 283 минути игра распределени вкупно на 11 натпревари.
Таа е моментално најдобрата поентерка во првата дивизија на NCAA со просек од 27,8 поени за 25,7 минути по натпревар. На пат е да стане првата кошаркарка што ќе постигне повеќе од еден поен во просек за минута на теренот во 21 век, вклучувајќи ги и лигите NBA, WNBA и NCAA.
Досега единствен што го остварил ова е Џоел Ембид во дресот на Филаделфија во сезоната 2023/24 кога постигнуваше 34,7 поени за 33,6 минути просечно по натпревар.
Трет натпревар со повеќе од 30 поени за Ауди Крокс.
— Richi González Dávila (@RichiGDavila) 11 декември 2025
Брејките на овој терен се исклучителни, но вклучувањето на нејзиниот репертоар од ‘fadeaway’ во стил на Дирк Новицки е навистина импресивно.pic.twitter.com/2QCmFCTMQS