Дома Фудбал Никогаш не сака да биде заменет: Погледнете ја реакцијата на Роналдо кога требаше да излезе од игра (Видео)

Никогаш не сака да биде заменет: Погледнете ја реакцијата на Роналдо кога требаше да излезе од игра (Видео)

Во дербито од 15-тото коло на Првата лига на Саудиска Арабија се соочија екипите на Ал-Хилал и Ал Наср, каде што конечниот резултат беше 3:1 во корист на Ал-Хилал.

Се работеше за уште еден возбудлив натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По првото полувреме, Ал Наср водеше со 0:1 благодарение на голот на Роналдо во 42-та минута, но следеше пресврт на Ал-Хилал во продолжението.

Ал-Хилал во второто полувреме постигна три гола, преку Ал Досари од пенал, а потоа Кано и Невес погодија исто така.

Работите му се олеснија на Ал-Хилал и поради црвениот картон за Ал Аквиди во 60-та минута, што значеше дека Ал Наср го заврши мечот со играч помалку.

Сепак, во оваа средба специфично внимание привлече случка од 83-та минута.

Тренерот на Ал Наср реши да го повлече Кристијано Роналдо од игра и да го внесе Весли.

Но, оваа одлука не му се допадна на Португалецот.

Со гестови го напушти теренот, како да сакаше да објасни дека одлуката на тренерот нема смисла.

После тоа, замина до клупата видливо незадоволен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар замина на подготовки во Анталија – ќе одигра шест пријателски меча (Фото)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар замина на подготовки во Анталија, Турција. …