Дома Фудбал Никој во Реал Мадрид не очекувал: Карвахал ги шокирал докторите – се враќа многу побрзо од очекуваното!

Никој во Реал Мадрид не очекувал: Карвахал ги шокирал докторите – се враќа многу побрзо од очекуваното!

Дани Карвахал се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид и ќе биде на располагање, но не веднаш.

Ова се одлични вести за Карло Анчелоти и мадридскиот клуб кои целата сезона се мачат со повреди во последната линија на тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Карвахал се здоби со повреда на лигаментите во октомври минатата година и оттогаш не беше на теренот, но конечно застана на тревнатата подлога и почна да тренира. Ова ги изненади лекарите на Реал Мадрид кои очекуваа многу побавен процес на закрепнување, но желбата на Карвахал да се врати на терен беше пресудна.

Сепак, шпанскиот репрезентативец ќе мора да почека уште малку за враќање. Првичните проценки се дека тоа би можело да се случи пред клупското Светско првенство во јуни. Претходно се најавуваше дека неговото враќање нема да биде пред почетокот на наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…