Дома Фудбал Никој како Жил Кунде: Ова не е нормално!

Никој како Жил Кунде: Ова не е нормално!

Дефанзивецот на Барселона Жил Кунде влезе во историјата на фудбалот како играч со најмногу одиграни минути во една календарска година.

Настапувајќи за Барселона и Франција, Кунде одигра 69 натпревари, а на теренот помина неверојатни 5.872 минути!


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Не чуди што Кунде беше меѓу играчите кои се жалеа на пеколниот распоред, и самиот рече дека би лажел ако каже дека го сака фудбалот како порано.

Што се однесува до листата на играчи со најмногу минути, CIES спроведе истражување во 66 лиги низ светот, земајќи ги предвид сите натпреварувања под закрилата на FIFA и UEFA, и Кунде е на прво место со 5.872 минути. Втор е фудбалерот на Реал Мадрид Федерико Валверде со 5.663 минути (67 натпревари), а трет е асот на Флуминенсе Џон Ариас со 5.559 минути и 67 натпревари.

Она што е особено интересно е дека на врвот се и ветераните – Вирџил ван Дајк со 5.523 минути на 64 натпревари за Ливерпул и Холандија, како и Николас Отаменди со 5.449 минути и 65 натпревари за Бенфика и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Братот на Погба ќе заврши зад решетки поради изнуда!

Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба (31), Мати…