Дома Фудбал Незапамтена шлаканица за Лука Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид

Незапамтена шлаканица за Лука Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид

Јавноста во Мадрид тешко го прифати срамот на Реал против Арсенал (3:0) во првиот дуел од четвртфиналето на Лигата на шампионите, па се говори за бројни недостатоци во тимот. Сега одредени медиуми јасно го напаѓаат Лука Модриќ и тврдат дека соблекувалната нема вистински лидер.

Лука Модриќ е именуван за капитен на Реал. Одлуката да му се додели капитенската лента е донесена по заминувањето на Начо Фернандез, а прв заменик стана Дани Карвахал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Модриќ и Карвахал се играчите со најдолг стаж во првиот тим и тука многу дилеми немаше, но „Релево“ наведува дека проблемот во соблекувалната е всушност фактот дека Лука не е вистински лидер.

„Извори од Валдебебас велат дека на соблекувалната ѝ недостасуваат лидери какви што имаше минатата сезона. Дани Карвахал е отсутен поради повреда, а заминаа Тони Крос и Начо“, наведува „Релево“.

Фото: Реал Мадрид/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Семењо влегува во историјата на англискиот фудбал

Антоан Семењо, новото засилување на Манчестер Сити, ќе влезе во историјата на англискиот ф…