
Тренерoт на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека неговиот тим не играл на посакуваното ниво, посебно во првото полувреме од натпреварот со Нотингем Форест.
Нивната победа дојде во седмата минута од надополнувањето, со што се изедначија по бројот на бодови со Челси и Манчестер Јунајтед.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Слот по натпреварот изјави дека поделбата на бодовите би била пообјективен исход.
– Кога ќе постигнете гол во последната минута, секогаш има елемент на среќа, но оваа сезона толку пати ни се случи спротивното. Нерешен исход би бил поправеден за нас. Првото полувреме беше тешко, бидејќи Форест играше одлично. Ги губевме сите топки. Не можевме ни за момент да ја задржиме. Единствениот дел каде што функциониравме солидно беше одбраната во казнениот простор. Во второто полувреме видов нешто различно. Преземавме контрола над играта. Можеби беше значајно и тоа што противникот играше уште еден натпревар во четвртокот. Првпат оваа сезона тоа ни беше предност, да играме против тим кој беше ангажиран, додека ние се одмаравме низ неделата – изјави Слот по драматичната победа.