
Тотенхем пред своите навивачи го пречека Челзи во дербито од десеттото коло на Премиерлигата, но целосно потфрли бидејќи трите бода на крајот заминаа на Стамфорд Бриџ.
Победникот на лондонското дерби го реши детал од 34. минута кога Жоао Педро постигна гол за 0:1 на асистенција на Каиседо, а гостите успеаја до крајот на натпреварот да ја задржат предноста.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Навивачите на Тотенхем беа жестоко разочарани поради поразот на својот тим, како и поради слабиот настап поради кој ги исвирија на крајот на натпреварот.
Сепак, деталот кој ја вознемири јавноста во Англија е особен показател дека работите во Тотенхем не функционираат најдобро.
Кога судијата го свиреше крајот на натпреварот, тренерот на домашниот тим Томас Франк влезе на теренот за да им каже нешто на некои играчи, но двајца од нив го извадија од такт.
Станува збор за Мики ван ден Вен и Џед Спенс, кон кои тренерот Франк се приближи и им кажуваше нешто, но тие целосно го игнорираа и си поминаа покрај него.
Таквиот потег го остави и тренерот на Тотенхем без зборови, кој само со поглед ги следеше двајцата, и беше видно шокиран од тоа што го направија.
Англиските медиуми пишуваат дека навивачите на Тотенхем веќе почнаа да го покажуваат незадоволството од новиот тренер и бараат негово заминување, а она што се случи ноќеска најдобро покажува дека состојбата во лондонскиот тим воопшто не е добра.
Исто така, Ван де Вен и Спенс сигурно ќе бидат казнети поради тоа што го направија, а особено затоа што тоа јавно го сторија, бидејќи снимката од ситуацијата стана хит на социјалните мрежи.
Van den Ven and Spence ignored Thomas Frank 👀 pic.twitter.com/zLqrIsqfV8
— Out Of Context Tottenham (@spursnocontext) November 2, 2025