
Бенфика извонредно ја обезбеди победата на свој терен со 4:2 против Реал во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, освојувајќи пласман во нокаут фазата. Реал го сопре да влезе директно во елиминациска фаза, спуштајќи го на место за плеј-оф.
Во финишот на натпреварот, победата на Бенфика не беше под знак прашање бидејќи водеа со 3:2 и имаа дури двајца играчи повеќе по исклучувањата на Раул Асенцио и Родриго. Сепак, таа победа не беше доволна. Поради подобрата гол-разлика, Марсеј беа пред нив на табелата, така што, длабоко во продолжението, Бенфика беше на 25-то место и беше пред испаѓање од Лигата на шампионите.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Затоа тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, одлучи во последниот напад да го пушти и голманот Анатолиј Трубин. Фредрик Аурснес го изведе слободниот удар, а украинскиот чувар на мрежата погоди со глава за екстаза на стадионот Луз. Следеше ерупција на радост кај навивачите, играчите и тренерите на Бенфика. Во тој еуфоричен момент, камерата забележа сцена која стана вирална.
Додека Бенфика го започнуваше последниот напад, кардиналот Америко Агиар, бискуп на Сетубал, беше гостин на португалската телевизија. Тој зборуваше во живо кога изненадно во студиото почна да се слуша викање.. Кардиналот се тргна од изненадување, но потоа се насмевна. Тој и водителот брзо сфатија дека моменталната сензација е предизвикана од неверојатниот гол на Бенфика кој ја запечати големата победа против Реал.
Here is a random Portuguese TV channel, when the news got interrupted by Trubin’s last minute goal…😂 pic.twitter.com/AmajAc7uO8
— IM🇵🇹 (@Iconic_Mourinho) January 28, 2026