Дома Останати Тенис Неверојатно: Синер постигна нешто што не им успеало ниту на Ѓоковиќ и Федерер

Неверојатно: Синер постигна нешто што не им успеало ниту на Ѓоковиќ и Федерер

Вториот тенисер на светот, Италијанот Јаник Синер, ја освои титулата на мастерсот во Мајами, откако синоќа во финалето го победи 22. играч на светот, Чешкиот Јиржи Лехечка, по два сета, 6:4, 6:4.

По еден час и 34 минути, Синер дојде до нова титула без поголеми осцилации. Двапати го зеде сервисот на чешкиот тенисер, додека Лехечка не успеа да земе ниту еден.

Италијанскиот тенисер забележа 10 асови, додека Лехечка освои пет поени директно од сервис.

На Синер му е ова втора освоена титула на мастерсот во Мајами, како и вкупно 26. АТП титула во кариерата.

Она што е впечатливо е дека стана првиот тенисер од 2017 година кој го освои таканаречениот „Саншајн дабл“, односно победи и во Индијан Велс и во Мајами во истата сезона. Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го направија тоа повеќепати, но Италијанецот е првиот кому тоа му успеа без загубен сет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ забележа нов пад на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на пониска позиција и на денес објавената АТП-лист…