Дома Фудбал Неверојатно: Мбапе за 13 месеци го надмина Зидан во Реал Мадрид

Неверојатно: Мбапе за 13 месеци го надмина Зидан во Реал Мадрид

Француската ѕвезда Килијан Мбапе синоќа влезе во историјата на Реал Мадрид, искачувајќи се на 42. место на вечната листа на стрелци на клубот во Ла Лига. На дуелот со Леванте тој двапати ја погоди мрежата, со што стигна до седум гола во шпанското првенство оваа сезона, а вкупно девет на само седум одиграни натпревари во сите конкуренции.

Со овие голови Мбапе го надмина својот сонародник Зинедин Зидан, кој во дресот на „кралскиот клуб“ постигна 37 погодоци во Ла Лига за пет години. Французинот до оваа бројка стигна за нешто повеќе од една година откако пристигна во Мадрид и веќе има 38 лигашки гола зад своето име.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Следниот погодок ќе му овозможи на 26-годишниот напаѓач да ги остави зад себе Луис Фиго и Давор Шукер, со кои моментално го дели 42. местo. На врвот на оваа респектабилна листа и понатаму убедливо води Кристијано Роналдо со неверојатни 311 погодоци во шпанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи во нов проблем: Суспендиран стадионот во Чаир – клубот предаден на Дисциплинска комисија!

Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека го суспендира стадионот на Ш…