
Капитенот на Франција Килијан Мбапе изјави дека е „лудо“ тоа што на 26 години се изедначил со Тиери Анри со бројот на постигнати голови за репрезентацијата.
Франција во петок вечерта ја победи Украина како номинален гостин со 2:0 во квалификациите за Светското првенство 2026 година, а Мбапе беше стрелец на вториот гол.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Постигна вкупно 51 гол за националниот тим, со што се изедначи со Анри на второто место на листата на најдобри стрелци. Пред нив е Оливие Жиру со 57 гола.
„Секоја чест за Тити (Анри), но сега сакам да го надминам. Чест е да се изедначам со играч како Анри, сите знаат што тој значи за Французите, а уште повеќе за напаѓачите. Тој е некој што го трасираше патот и имам многу почит и восхит кон него“, рече играчот на Реал Мадрид.
Анри како 20-годишник беше дел од екипата која во 1998 година на свој терен го освои Светското првенство, а Мбапе имаше 19 години кога со „триколорите“ го освои Мундијалот во Русија во 2018 година, додека четири години подоцна го освои второто место во Катар.