Дома Фудбал Неверојатно колку УЕФА заработи само лани

Неверојатно колку УЕФА заработи само лани

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави своите финансиски извештаи за минатата година. Вкупните приходи изнесуваат околу пет милијарди евра, што е значително повеќе од претходната година.

Поточно, станува збор за зголемување од 736 милиони евра. Најважна ставка е реформата на европските купови, бидејќи приходот од нив изнесува 4,4 милијарди евра, што е зголемување од 690 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од ова зголемување голема корист имаат и клубовите. Финансиските исплати на клубовите достигнаа 3,4 милијарди евра, што е 400 милиони евра повеќе од претходната сезона.

„Дополнително, ја потврдивме нашата посветеност на играта со отстапување на 10% од нашите бруто приходи од натпреварувањата за солидарни исплати. Од овој износ, 308 милиони евра се доделуваат на клубовите кои не учествуваат во европските натпреварувања – што претставува зголемување од 76% во споредба со претходната година – со дополнителни средства кои се дистрибуираат на клубовите елиминирани во квалификациите. Дополнителни 25 милиони евра се користат за поддршка на Младинската лига на шампиони и натпреварите на женските клубови – стои во соопштението на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Англиската федерација официјално го објави продолжувањето на договорот на селекторот на ти…