Дома Фудбал Неверојатниот Меси го надмина“ легендарниот Пушкаш и испиша историја (Видео)

Неверојатниот Меси го надмина“ легендарниот Пушкаш и испиша историја (Видео)

Вчера се одигра полуфиналниот натпревар од плејофот на Источната конференција на МЛС лигата, а Лео Меси на тој натпревар влезе во историјата.

Неверојатниот Меси на натпреварот на неговиот Интер Мајами против Њујорк Сити стана најдобриот асистент во историјата на фудбалот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот на Меси одигра феноменален натпревар, и конечно оствари победа со 5:1 против Њујорк Сити.

Аргентинецот Тадео Аљенде беше главната ѕвезда на натпреварот бидејќи постигна три гола во победата на својот тим, но Меси му го украде шоуто.

Причината е што токму неверојатниот Меси вчера стана најдобриот асистент во историјата на фудбалот.

Сето тоа се случи во 67-та минута кога Меси асистираше на Силвети кој постигна гол и го донесе Лионел до 405-та асистенција во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Аталанта го врати Распадори во Серија А

Аталанта го објави привлекувањето на напаѓачот Џакомо Распадори, кој пристигнува со трансф…