Дома Фудбал Неверојатна статистика на Модриќ: „Секогаш било исто, од Динамо до Реал“

Неверојатна статистика на Модриќ: „Секогаш било исто, од Динамо до Реал“

Пред вечерашното големо дерби во Милано помеѓу Интер и Милан (20:45), во центарот на вниманието е еден неверојатен податок поврзан со Лука Модриќ, за кој ова ќе биде прв настап во ‘Дерби дела Мадонина’. Хрватскиот маестро, за време на својата богата кариера, никогаш не загубил натпревар кога дебитира во некое големо дерби, пишува „Газета дело Спорт“.

Оваа уникатна статистика се протега уште од времињата кога го носеше дресот на Динамо. Во своето прво загрепско градско дерби против НК Загреб, на 18 септември 2005 година, Модриќ не само што славеше во убедлива победа од 4:0, туку и го постигна вториот гол за ‘Модрите’. Иако не се работи за градско дерби, исклучително значаен е и неговиот дебитантски натпревар против сплитскиот Хајдук. Во таа средба, која заврши без голови 0:0, Модриќ играше 59 минути и повторно избегна пораз.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Традицијата продолжи и по заминувањето во странство. Првото лондонско дерби во дресот на Тотенхем го одигра на Стамфорд Бриџ против Челзи, а натпреварот заврши нерешено 1:1. Сличен успех доживеа и во Шпанија. Во своето прво дерби во Мадрид, на 1 декември 2012 година, Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со 2:0. Модриќ тогаш влезе во игра во 87-та минута, одигрувајќи само неколку минути, но доволно за да продолжи низата на непобедливост.

Вечерва Модриќ го очекува нов голем предизвик. Неговото огромно искуство и докажаната способност за играње на натпревари на највисоко ниво ќе бидат клучни адути на Милан. Навивачите се надеваат, а статистиката им дава право, дека невероятната традиција ќе продолжи и по вечерашниот спектакл – традиција која вели дека Лука Модриќ, без оглед на клубот, градот или државата, никогаш не бил поразен во своето прво дерби, се заклучува во текстот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куче втрча на терен во Кавадарци и го прекина натпреварот Тиквеш – Башкими! (Видео)

На денешниот натпревар во Кавадарци помеѓу Тиквеш и Башкими видовме и една комична сцена о…