
Младиот Австралиец не престанува да воодушевува, а неговата форма во сезоната 2025 веќе сега влегува во историјата. Наскоро ќе го престигне Верстапен, а лесно чекори и кон рушење на легендарната серија на Хамилтон.
Оскар Пјастри уште еднаш блеснал на патеката и победил на Големата награда на Белгија, со што ја запишал својата шеста победа во сезоната.
Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Австралиецот моментално е лидер во генералниот пласман на возачи со 16 бодови пред тимскиот колега Ландо Норис.
Но тоа не е единствената фасцинантна работа во неговата сезона – Пјастри на оваа трка запиша и 39. последователен пласман меѓу десетте најдобри.
Оваа импресивна серија започнала на Големата награда на Лас Вегас 2023 година и од тогаш не покажува знаци на успорување.
Со 39 последователни пласмани во бодови, Пјастри сега го зазема третото место на вечната листа на Формула 1 според овој критериум.
Пред него се само двајца великани – Макс Верстапен и Луис Хамилтон.
Хамилтон го држи рекордот со 48 последователни трки во кои освојувал бодови, во периодот помеѓу ГН на Велика Британија 2018 и ГН на Бахреин 2020.
Оваа серија би траела уште шест трки ако не ја прекинале инфекцијата од коронавирусот.
Хамилтон, инаку, освоил бодови и на трката во Азербејџан 2021, која би била 54. последователна ако не беше принудната пауза.
На второто место на листата се наоѓа Макс Верстапен, кој меѓу ГН на Емилија Ромања 2022 и ГН на Саудиска Арабија 2024 собра 43 последователни пласмани во бодови.
Фото: Принтскрин