Дома Фудбал Неверојатен гаф: На стадионот на Партизан ечеше песна на Црвена Звезда – навивачите беа шокирани! (Видео)

Неверојатен гаф: На стадионот на Партизан ечеше песна на Црвена Звезда – навивачите беа шокирани! (Видео)

Синоќа се одигра натпревар од третото коло на Супер лигата на Србија каде Партизан, по многу драма, успеа да го совлада Раднички од Крагујевац со 2:1. Натпреварот не беше запамтен само по случувањата на теренот, туку и по големиот гаф кој ги разгневи домашните навивачи.

Имено, 35 минути пред почетокот на мечот, од звучниците на стадионот се слушна добро позната навивачка песна на Црвена Ѕвезда – “Добро знај”, што предизвика негодување кај присутните.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прво, многумина на стадионот беа шокирани и во неверување, а потоа завладеа тишина бидејќи никој не можеше да си поверува на ушите.

@arenasporttv Заиста несекојдневна сцена пред натпреварот на црно-белите против Раднички 1923!😂 #fkpartizan #crvenazvezda #viral #fyp #partizan ♬ original sound – TV Arena Sport

Потоа следуваа гласни свирежи и незадоволство од страна на Гробарите, траеше околу триесет секунди пред песната конечно да биде исклучена.

Навивачите на Партизан тешко ќе простат ваков пропуст, а уште не е јасно дали зад ова стојат Делиите, навивачите на Ѕвезда и вечните ривали на црно-белите од Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дортмунд „фрли око“ на талентот на Барселона

Според извештаите на весникот Спорт, Борусија Дортмунд покажала интерес за Гије Фернандез,…