Дома Фудбал Несреќниот Вирц останува без прв гол во дресот на Ливерпул (ВИДЕО)

Несреќниот Вирц останува без прв гол во дресот на Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул повторно ги разочараа своите навивачи. Во 14-то коло од Премиер лигата успеаја да извлечат само 1:1 против Сандерленд на домашен терен.

На натпреварот во 14-то коло од англиската Премиер лига, Ливерпул одржа само 1:1 на Анфилд против Сандерленд, во меч полн со драма што го продолжи серијалот на разочарувачки резултати за тимот на Арне Слот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ливерпул, по примениот гол, тргна во целосна офанзива и изедначувањето стигна во 81-та минута.

Флоријан Вирц во неверојатен соло пробив помина тројца противници, а по неговиот удар топката се одби од Норди Мукиеле и заврши во мрежата – официјално автогол, па Германецот и понатаму останува без дебитантски гол во дресот на Редсите, и покрај брилијантната акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој ќе биде наследникот на Салах? Ливерпул има тројца на маса и буџет од 140.000.000 евра!

Ливерпул е подготвен да инвестира до 140 милиони евра во потрага по наследникот на Мохамед…