Дома Фудбал Нереални проблеми за Тудор и Јувентус пред еден од дуелите на сезоната

Нереални проблеми за Тудор и Јувентус пред еден од дуелите на сезоната

Игор Тудор се соочува со сериозни проблеми во тимот пред важниот натпревар со Удинезе, особено во одбраната, бидејќи нема да може да смета на најмалку седум играчи.

Јувентус во недела има последен домашен натпревар оваа сезона, а против Удинезе ќе игра без неколку стандарни играчи од првиот тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Бремер, Кабал, Милик и Кели се веќе подолго време отсутни, додека Калулу, Тирам и Савона се суспендирани и ќе мора да одработат една казна на непоигрување.

Можно е Тудор да има уште повеќе проблеми до недела, бидејќи и Копмајнерс и Камбијасо се неизвесни поради пропуштање на последниот дуел со Лацио.

Поради отсутностите во одбрана, Тудор најверојатно ќе експериментира со Локатели како стопер, додека Веига би можел да игра како десен бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ го напушта Јувентус, но останува во Серија А!

Како што пренесува Sport, Барселона се откажа од ангажманот на Душан Влаховиќ. Истиот изво…