
Фудбалските навивачи останаа запрепастени кога ја видоа сцената од квалификациониот натпревар за Светското првенство меѓу Боливија и Уругвај, каде еден од играчите мораше да користи кислородна маска за да може да дише.
Неверојатни сцени се видоа во завршните минути на натпреварот кога ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез, приметно тешко дишеше пред да го напушти теренот и да побара кислород.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Триесетгодишниот дефанзивец ја користеше маската за да се избори со екстремните услови на стадионот “Вила Инхенио” во Ел Алто, кој се наоѓа на неверојатни 4,100 метри надморска височина.
Боливиската фудбалска федерација донесе одлука минатиот октомври да ги премести своите натпревари на овој стадион во обид да им помогне висинската предност во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
🇧🇴😳 Тешки услови во Боливија: Хосе Марија Гименез мораше да користи боца со кислород за време на натпреварот. 🫁🇺🇾
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 26, 2025
Стадионот Ел Алто се наоѓа на 4,150 метри надморска височина. ⛰️🏟️pic.twitter.com/i06FeOJ0Ax
Традиционалниот домашен терен на Боливија, Ла Паз, е веќе познат како тежок за противниците поради својата надморска височина од 3,640 метри, но серијата лоши резултати (три порази во пет натпревари) ја поттикна федерацијата да побара уште поголема предност – со преселба на стадион кој е 600 метри повисоко.
На таа височина, густината на воздухот опаѓа на околу 0.82 грама на литар, од што само 0.17 грама е кислород, што значително го отежнува дишењето. Ниското количество кислород особено ги погодува фудбалерите, кои се постојано во движење, а натпреварите во вакви услови претставуваат вистински тест на издржливост и физичка подготвеност.
На крај, натпреварот заврши со резултат 0:0. Боливија има бод помалку од Венецуела која е на местото кое води во бараж, додека Уругвај е на третото место со 21 бод.