Дома Фудбал Неочекувано засилување за Наполи: Конте ангажира талентиран дефанзивец

Неочекувано засилување за Наполи: Конте ангажира талентиран дефанзивец

Додека светот на фудбалот чека да види кого ќе донесе Антонио Контe во Наполи како замена за Хвича Кварацхелија на позицијата на крилен напаѓач, тој веќе го завршува огромното дефанзивно засилување за моменталниот лидер на Серија А.

Пјетро Комучо, стопер на Фиорентина кој има само 19 години, оваа сезона во италијанскиот шампионат привлекува внимание. Импресивен е во дуелите, доминира во играта со глава, сигурен и смирен е во додавањата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради тоа есенва го повикаа во сениорската репрезентација на Италија од страна на селекторот Лучано Спалети, а сега е на чекор од премин во Наполи.

Италијанските извори информираат дека Наполи е блиску до довоѓање на Комучо до крајот на зимскиот трансфер период. Модалитетот на ангажман е позајмица до крајот на сезоната, со 5,000,000 евра надомест на Фиорентина.

Потоа Наполи има обврска да го купи за 20 милиони евра фиксно, плус пет милиони евра низ бонуси.

Наполи е на првото место во Серија А има 53 бода од 22 натпревара, што е три повеќе од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаскојн за алкохолизмот: Никогаш нема да престанам да пијам

Пол Гаскојн, англиска фудбалска легенда, отворено призна дека цел живот се бори со зависно…