Дома Фудбал Останато Нема ништо спорно: Јута Лердам може да продолжи да се раскопчува

Нема ништо спорно: Јута Лердам може да продолжи да се раскопчува

Раководителите на Олимписките игри, односно претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), ја донесоа одлуката дека Јута Лердам може да продолжи со својата практика на откопчување на горниот дел од опремата за да ги покаже долните алишта и на тој начин да заработува дополнително.

Холандската ѕвезда во брзинско лизгање, Јута Лердам, предизвика големо внимание со нејзиното карактеристично откопчување на костумот. Таа го прави тоа од маркетиншки причини, за да го рекламира симболот на производителот на спортска опрема „Најк“ на своите долни алишта.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Иако холандсккиот сојуз за брзо лизгање соработува со брендот Фила, Лердам личнo е спонзорирана од „Најк“. Така, под нејзиниот аеродинамичен тркачки костум беше видлив спортскиот градник на американскиот производител, а по преминувањето на целта редоследот беше јасен – прво откопчување на костумот.

Според проценките на експертите за спортски маркетинг, Лердам од „Најк“ наводно заработува околу 850.000 евра годишно. Покрај тоа, секоја спонзорирана објава на Инстаграм може да и донесе околу еден цент по следбеник, што е приближно 62.000 евра по објава во која се прикажува „Најк“ или друг партнер.

Од Меѓународниот олимписки комитет изјавија дека Лердам нема да биде санкционирана. Нема да биде финансиски казнета, што значи дека може да продолжи со оваа практика.

“Не сум експерт за уметничко лизгање, но разбирам дека откопчувањето на костумот по натпреварите е нормално за лизгачите. Особено затоа што костумот е многу тесен. Тоа е вообичаена практика, а не маркетиншки трик”, изјави Ана-Софи Вумар, директорка за маркетинг во МОК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов инцидент на Зимските Олимписки Игри: Тинејџер тешко падна – можеше сериозно да се повреди (Видео)

И денеска на Зимските олимписки игри во Милано/Кортина не мина без сериозен пад, а нова жр…