Дома Фудбал Нема мир во Ливерпул: Еден од најдобрите заминува откако доби богата понуда

Нема мир во Ливерпул: Еден од најдобрите заминува откако доби богата понуда

Се чека само понудата и таа ќе биде околу 80 милиони фунти.

Луис Дијаз сака на секој начин да замине од Ливерпул, а причината е парите. Колумбиецот е потценет, едноставно звучи неверојатно дека играч со неговите квалитети заработува само малку повеќе од два милиони евра нето, јасно е дека на секој начин сака да се пресели во Баварија.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Се споменуваше Барселона, но тие немаат пари, ниту, како што се зборува, Дијаз беше сериозна опција. Но, сосема е поинакво со Баварците кои останаа без Сане и го сакаат Колумбиецот. Дијаз годинава постигна 17 голови во сите натпреварувања и беше важен дел на патот до титулата.

Откако пристигна од Порто, тој одигра 148 натпревари за Црвените, постигна 41 гол и имаше 23 асистенции.

Ливерпул одби понуди, се споменуваше сума од 100 милиони, но Баерн може да добие попуст. И околу 80 милиони фунти би претставувале профит во однос на тоа што го платија на „Змејовите“ плус Дијаз е незадоволен. Дури и да му ја зголеми платата англискиот шампион, тоа не би било ни блиску до она што го нуди Баерн, повеќе од 10 милиони евра по сезона, пет пати повеќе од сегашните примања.

Дијаз би станал третиот најплатен играч зад Кејн и Нојер. Баерн може да му ја понуди оваа плата бидејќи ослободи 22 милиони нето од Сане и Милер, јасно е дека ова е нивниот најголем адут.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер подготвува нова понуда за Адемола Лукман

Раководството на Интер подготвува подобрена понуда за Аталанта за Адемола Лукман, јавува “…