
Откако хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го потврди своето заминување од Реал Мадрид по Светското клупско првенство во јуни, бројот десет во „Кралскиот клуб“ ќе го носи Французинот Килијан Мбапе.
Оваа информација ја потврди Ел Чирингито, наведувајќи дека сега нема никакви пречки Французинот да го преземе својот омилен број кој беше зафатен откако дојде во Реал.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Мбапе, при пристигнувањето во Реал Мадрид во јули 2024 година, покажа голема почит кон Модриќ, решавајќи да не го бара дресот со број десет, кој со години го имаше хрватскиот играч за врска.
🚨🚨💣 𝗟𝗘 𝗥𝗘𝗔𝗟 𝗠𝗔𝗗𝗥𝗜𝗗 𝗩𝗔 𝗢𝗙𝗙𝗥𝗜𝗥 𝗟𝗘 𝗡𝗨𝗠𝗘́𝗥𝗢 𝟭𝟬 𝗗𝗘 𝗠𝗢𝗗𝗥𝗜𝗖 𝗔̀ MBAPPÉ 🇫🇷🤍 !!!
— BeFootball (@_BeFootball) May 27, 2025
(@elchiringuitotv) pic.twitter.com/Wv1lKsBBuR
Наместо тоа, Мбапе избра број девет, кој беше слободен по заминувањето на Карим Бензема, но со објавеното заминување на Модриќ, Французинот ќе биде новиот носител на легендарниот дрес со број десет.
Да потсетиме, хрватскиот фудбалер Лука Модриќ против Реал Сосиедад го одигра последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ и се прости од навивачите на Реал Мадрид.
Модриќ објави дека ќе игра за Реал и на Светското клупско првенство во јуни, по што ќе го напушти клубот по истекот на договорот.
Фото: Real Madrid/FB