Дома Останати Тенис Некогаш третиот најдобар тенисер во светот замина во пензија!

Некогаш третиот најдобар тенисер во светот замина во пензија!

Познатиот поранешен трет тенисер во светот, Милош Раониќ, во понеделник ја најави својата пензија од тенисот, по кариера во која освои осум АТП титули.

Триесет и петгодишниот, првиот Канаѓанец што достигнал до финале на Гренд Слем во сингл, не играл повеќе од една година, известува AFP.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Раониќ долго време се мачеше со повреди и на социјалните мрежи изјави дека дојде времето да се збогува со спортот.

“Ова е моментот за кој секогаш знаете дека ќе дојде, но никогаш не сте подготвени да го пречекате. Чувствувам дека сега е најправилниот миг отколку што ќе биде во иднина. Бев најсреќната личност затоа што ми беше овозможено да ги живеам и реализирам своите соништа,” изјави тој.

Најуспешната сезона за Раониќ беше 2016 година, кога се пласираше во финалето на Вимблдон, откако во полуфиналето го совлада Роџер Федерер, а во финалето изгуби од Енди Мареј.

Исто така, истата година стигна и до полуфинале на Австралија Опен и на АТП Финалето, завршувајќи како трет на светската ранг листа.

Неговото последно појавување беше на Олимписките игри во Париз 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонците во Мелбурн навиваа за Ѓорческа – ечеше „Македонија, Македонија“! (Видео)

Триумфот на Лина Ѓорческа во првото квалификациско коло на Австралија опен помина во знако…