Дома Фудбал Негативен рекорд на Јокиќ во НБА: Прв центар со ваков учинок

Негативен рекорд на Јокиќ во НБА: Прв центар со ваков учинок

НИКОЛА ЈОКИЌ, во поразот на неговиот тим Денвер против Мемфис (125:118), постигна 29 поени, 14 скокови и подели 9 асистенции, но исто така изгуби 10 топки. Ова е најмногу изгубени топки за Јокиќ од ноември 2022 кога играл против Оклахома. Една асистенција му недостигаше за неговиот шести трипл-дабл во последните осум натпревари.

Како Јокиќ дојде до “трипл-дабл”?

Американските медиуми шеговито истакнуваат дека Јокиќ овојпат запиша трипл-дабл, но поради тоа што имаше двоцифрен број изгубени топки. Со тоа, Јокиќ постави негативен рекорд, станувајќи центар со најмногу натпревари во историјата на НБА лигата во кои има двоцифрен број изгубени топки. Погледнете го овој момент ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мусовски е во одлична форма пред дебито за Македонија – погоди за Сиетл! (Видео)

Новото име во македонската фудбалска репрезентација, Дени Мусовски, испраќа силна порака д…